САД го повикаа Иран да го осиромаши целиот збогатен ураниум што го поседува

САД денеска го повикаа Иран да го осиромаши целиот ураниум што земјата го збогати до приближно 60 отсто чистота, бидејќи се приближува до нивото од 90 отсто кое се смета за нуклеарно оружје.

„Иран треба да ги намали сите залихи на збогатен ураниум до 60 отсто и целосно да го запре целиот процес на збогатување ураниум. И ние сме сериозно загрижени за залихите на високо збогатен ураниум што Иран продолжува да ги одржува“, соопшти американската делегација во МААЕ, пренесуваат британските медиуми.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во доверлив извештај до земјите-членки минатата недела соопшти дека залихите на ураниум збогатен на 60 отсто во Иран благо паднале во изминатиот квартал бидејќи Техеран разредил повеќе ураниум отколку што наводно збогатил.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

МААЕ изјави дека доколку Иран продолжи да збогатува ураниум, ќе има доволно за две нуклеарни бомби, според теоретската дефиниција на МААЕ за бомба.

Засега не е познато зошто Иран намалил одредени количини збогатен ураниум, додаваат британските медиуми.

САД, исто така, го осудија потегот на Иран да го прекинат пристапот на некои од најискусните и најстручни инспектори на МААЕ до иранските нуклеарни постројки минатата година.

- Реклама -