Макрон: Русија секогаш се закануваше со одмазда – и за тенковите, и за авионите – но одмазда немаше

Претседателите на Франција и Чешка, Емануел Макрон и Петр Павел денеска во Прага се согласија дека Европа не смее да се ограничува и однапред себеси да си ја затвора вратата за различни видови воена помош за Украина, освен директно испраќање борбени единици во конфликт што би значело „пречекорување на црвената линија“.

„Прашајте го Путин што не е подготвен да направи, кој ја предизвика војната, прашајте го кои се неговите граници“, им рече Макрон на новинарите по разговорите со чешкиот претседател.

Макрон потсети дека Русија „секогаш се заканувала со одмазда“ и кога Украина добивала тенкови, авиони и ракети како помош, но немало одмазда.

„Нема да ви кажам што ќе правиме бидејќи тоа ќе ја ослабне ефективноста на нашата помош. Нашите принципи се дека Русија не смее да победи, дека мораме да го поддржиме народот на Украина кој сам одлучува што му треба. Не е Русија таа која одлучува што е ескалација, туку одлучува консензусот на сите“, рече Макрон.

Прочитајте и:  Србија се усогласи со пет одлуки на ЕУ, но не и со мерките против лидерите на Придњестровје

Чешкиот претседател на тоа додаде дека на западните сојузници е да изберат како да и помогнат на Украина, под услов да не се впуштат во борбено ангажирање.

- Реклама -