Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска во Прага ги повика сојузниците на Украина „да не бидат кукавици“ пред „незапирливата“ Русија.
– Секако дека во нашата Европа доаѓа момент кога не треба да бидеме кукавици. Никогаш не сакаме да ги видиме драмите што не очекуваат, истакна Макрон на почетокот на посетата на Чешка, говорејќи пред француската заедница во Прага.
Макрон се осврна на „сили кои станаа незапирливи“ кои „секој ден ги продолжуваат заканите, напаѓајќи нè сè посилно“.
– Мораме да се соочиме со предизвиците на историјата и храброста што таа ја подразбира, наведе Макрон.
Тој се соочи со притисок од многу западни сојузници поради идејата за испраќање западни трупи во Украина.
Предвидено е Макрон во Прага да се сретне со чешки колега Петр Павел и со чешкиот премиер Петр Фиала, при што ќе биде потпишан и акциски за билатералното стратешко партнерство за периодот 2024-2028.