Песков: Германија очигледно подготвува напад врз Русија

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков денеска изјави дека според неодамна објавена аудио снимка, очигледно е дека Германија подготвува напад на руска територија и праша дали во тоа е упатен германскиот канцелар Олаф Шолц.

Руските медиуми минатата недела објавија аудио снимка од состанок на високи германски воени претставници на кои се разговарало за оружје за Украина и за потенцијален напад од Киев на мост на Крим.

„Самото видео покажува дека во рамките на Бундесверот содржајно и конкретно се разговара за плановите за изведување напад на руска територија. Ова не бара никакво правно толкување. Сè тука е повеќе од очигледно“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Прочитајте и:  Меркел: Ако Украина зачекореше кон НАТО во 2008, војната ќе започнеше тогаш и немаше да биде подготвена

Тој посочи дека не е јасно дали Бундесверот тоа го прави на сопствена иницијатива и дека се поставува прашањето колку се вклучени вооружените сили и колку Шолц ја контролира ситуацијата и дали тоа е дел од политиката на германската Влада. Тој рече дека и двете сценарија се „многу лоши“.

„Тие уште еднаш го нагласуваат директното вклучување на земјите од колективниот Запад во конфликтот во Украина“, додаде Песков.

Германија соопшти дека го истражува инцидентот, кој го опиша како „очигледно прислушување од страна на Русија“.

- Реклама -