Трикови како да ги заштитите очите додека гледате во телефон и компјутер

Сѐ повеќе луѓе премногу време поминуваат пред компјутер и гледајќи во телефон. Ако сте во таква ситуација правете чести паузи и гледајте во билки.

Околу 80 отсто од луѓето кои поминуваат повеќе од три часа дневно пред компјутер мислат оти тоа им прави проблеми, а половина од нив велат дека тоа им штети на очите.

Проблеми се сушење на очите, замагкување на погледот, главоболки, чувствителност на светло и замор. Она што е ефикасно е да направите повеќе мали паузи отколку една долга, како и да држите билки во канцеларијата. Тие се добри за превенција на сушењето на очите зашто додаваат влажност.

Освен тоа, мониторот држите го под прав агол во однос на прозорецот и светилките, избегнувајте индиректно осветлување, а очите држите ги 50 до 80 сантиметри оддалечени од екранот – со што ќе го намалите заморот и проблемот со очите.

Извор: prva.rs

- Реклама -