Американскиот месечев приземјувач „Одисеј“, на својот петти ден на површината на Месечината, e сè уште во функција – според последните податоци на приватната вселенска компанија „Интуитив машинс“, која управува со леталото.
Се очекува контактот да биде изгубен денеска. Компанијата во петокот – ден откако приземјувачот се спушти на Јужниот Пол на Месечината, ја извести јавноста дека научната опрема на леталото, според „најдоброто сценарио“ – ќе биде оперативна околу девет до 10 дена. „Одисеј“ е првото летало коешто слета на Месечината а е управувано од приватна компанија.
Компанијата соопшти и дека лендерот слетал странично на површината на Месечината по грешка во навигацијата, ограничувајќи ја изложеноста на сончевите панели на достапна сончева светлина.
Мисијата „Одисеја“ е дел од програмата за комерцијални услуги на НАСА, при што агенцијата им плаќа на приватни американски компании за превоз и пренос до Месечината. Во овој случај, НАСА ѝ плаќа на „Интуитив машинс“ 118 милиони долари.