Ле Пен: Макрон си игра воен лидер и се расфрла со животите на нашите деца

Претседателката на француската парламентарна десничарска партија „Национален собир“ Марин Ле Пен денеска ја критикуваше изјавата на претседателот на Франција Емануел Макрон дека не треба да се исклучи опцијата за испраќање француски војници во Украина и посочи дека тој „игра воен лидер“.

– Не знам дали на сите им е јасно колку е сериозна ваквата изјава. Емануел Макрон ја игра улогата на воен лидер и зборува за животите на нашите деца со такво невнимание. Се работи за мир или војна во нашата земја, напиша Ле Пен на „X“.

По конференцијата на европските лидери за Украина, Макрон изјави дека нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, но нагласи дека „ништо не треба да се исклучува“.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

– Во овој момент нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме се за да не победи Русија, рече Макрон на прес-конференцијата.

На самитот во Париз присуствуваа околу 20 европски лидери, а Елисејската палата соопшти дека целта на средбата е да се испрати порака до рускиот претседател Владимир Путин дека „Европа е решена да и помогне на Украина и да се спротивстави на „наративот на Кремљ“ дека Русија мора победи во војната, која влезе во третата година“.

- Реклама -