Во седиштето на НАТО одбележана втората годишнина од рускиот напад врз Украина

Заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана, денеска на церемонијата по повод две години од почетокот на руската инвазија врз Украина во седиштето на Алијансата во Брисел, ја истакна важноста од континуирана поддршка за Украина.

Тој го поздрави „успехот на Украина на бојното поле од почетокот на војната“, објавено е на веб-страницата на НАТО.

Џоана ја нагласи и „постојаната посветеност на НАТО кон таа земја“.

Заедно со Наталија Галибаренко, украинската амбасадорка во НАТО, Џоана рече: „Украина се бори, решена да победи … НАТО е решен да ве поддржи“.

Џоана потсети на различните видови на поддршка што ги даваа сојузниците од почетокот на војната и истакна дека сите сојузници се согласиле Украина да стане членка на НАТО.

Прочитајте и:  Туск: Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, заканата од глобален конфликт е сериозна и реална

– Верувам во Украина. Јас верувам во НАТО. И верувам дека заедно можеме да обезбедиме посигурна иднина за сите нас, нагласи тој.

По обраќањето следуваше минута молк и изведба на украинската национална химна од страна на Володимир Капшук, украински баритон кој моментално работи во Националната Опера во Париз. По настапот, амбасадорите на НАТО закачија сончогледи на картата на Украина.

- Реклама -