Кулеба – Борел: На Европа и на светот им е потребна Украина за да го смени текот на војната

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска, по повод втората годишнина од руската агрењсија врз Украина, ги повикаа сите земји посветени на мирот да помогнат во спроведувањето на украинската формула за мир во 10 точки.

„Оваа формула е единствениот сериозен мировен предлог на маса и ги покануваме сите земји кои се залагаат за мир да ни се придружат за да го спроведеме во пракса“, изјавија Кулеба и Борел во текст објавен на веб-страницата „Проект синдикат“.

По повод 24 февруари 2022 година, денот кога Русија ја нападна Украина, Кулеба и Борел напишаа дека ова го означило почетокот на големиот геополитички земјотрес.

„Потегот на Русија е класичен пример на империјалистичка и колонијалистичка агресија карактеристична за 19-от век. Украина минува низ суровото страдање што го доживеале многу народи во минатото“, изјавија Кулеба и Борељ.

Како што двајцата тврдат, што се однесува до Русија, суштината на оваа војна никогаш не била неутралноста на Украина, проширувањето на НАТО, заштитата на оние кои зборуваат руски јазик или кој било друг измислен изговор, туку „уништување на независна држава, освојување на територија и повторно воспоставување доминација над народ кој сака да биде кројач на сопствената судбина“.

Прочитајте и:  Американски сенатор: Залудно е да се преговара со тиранинот Путин

Како што наведуваат во заедничкиот текст, „последиците од руската агресија врз Украина се чувствуваат многу подалеку од границите на Европа – оваа војна влијаеше на безбедноста на храната и цените на енергијата, а е придружена со обемни кампањи на дезинформации и политичка дестабилизација“.

Двајцата дипломати изјавија дека Европа најмногу ќе добие од брзиот крај на оваа војна и повторното воспоставување на мирот.

Според нивното мислење, за таа цел, Украина предложила мировна формула од 10 точки, која ЕУ сесрдно ја поддржала и која покрај запирање на непријателствата, вклучува и предлози за зајакнување на безбедноста на храната, нуклеарната безбедност, заштитата на животната средина, меѓународната правда, човековите права и почитување на Повелбата на ОН .

Како што наведоа, единствен начин да се постигне мир е да се обезбеди уште поголема поддршка на Украина, што ЕУ го направи во последните месеци, а во 2024 година има намера дополнително да ја зајакне оваа поддршка.

„Нашата заедничка цел е Украина да го смени текот на војната за што поскоро да се постигне праведен мир. За да се постигне оваа цел, клучна е поддршката од целиот свет“, нагласија Кулеба и Борељ.

- Реклама -