Европскиот сателит ЕРС-2 тежок два тона, кој беше пионер на многу од технологиите што се користат за следење на планетата и нејзината клима не падна на Земјата, туку изгоре во атмосферата над Пацификот
Досега нема извештаи од очевидци за падот на сателитот, или за какви било остатоци кои стигнале до површината на Земјата.
ERS-2 беше една од неколку мисии лансирани од Европската вселенска агенција во 1990-тите за проучување на атмосферата, земјата и океаните на нови начини.
Ги следеше поплавите, ги мереше температурите на континентите и на површината на океаните, го следеше движењето на ледените полиња и движењето на земјата за време на земјотресите.
ERS-2, конкретно, воведе нова способност за проценка на заштитната озонска обвивка на Земјата.
Враќањето на сателитот беше очекувано, иако неконтролирано. Тој немаше функционален погонски систем за да го насочи своето огнено паѓање.
Радарите го следеа неговиот пад. Esa вели дека крајот дошол во 17:17 GMT (18:17 CET) +/- една минута, над Северниот Тихи Океан помеѓу Алјаска и Хаваи, околу 2.000 километри западно од Калифорнија.