Израелскиот Кнесет одлучи да не ја признава палестинската држава

Израелскиот парламент (Кнесет) денеска одлучи да не го признае формирањето палестинска држава. За одлуката гласаа 99 пратеници, додека против беа деветмина, пренесува „Ерусалим Пост“.

„Израел ќе продолжи да се противи на едностраното признавање на палестинската држава. Таквото признавање по масакрот на 7 октомври ќе биде голема награда за тероризмот што беше без преседан и ќе претставува пречка за секој иден мировен договор“, се наведува во соопштението.

Со оваа одлука, 120-члениот Кнесет ја поддржа владината декларација од неделата, која се противи на едностраното признавање на палестинската држава од страна на Израел, по неколкуте меѓународни повици за дозволување палестинска држава.

Прочитајте и:  ХРВ: Принудното раселување на населението од Појасот Газа е воено злосторство
- Реклама -