Лукашенко: Загриженоста за можноста од трета светска војна е оправдана

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека загриженоста за можен почеток на Трета светска војна е целосно оправдана, пренесува руската државна агенција Тасс.

– Воената сила повторно стана главен аргумент на глобалните центри за одлучување. Како никогаш да немало милиони загуби на човечки животи и ужаси за време на Првата и Втората светска војна! Загриженоста за можна трета светска војна е легитимна, има причини за тоа, рече Лукашенко на состанокот со највисоките претставници за националната безбедност, јави новинската агенција БелТА.

Според Лукашенко, десетици илјади војници на НАТО и стотици единици воена опрема, авиони и хеликоптери се распоредени во близина на границите на Русија и Белорусија.

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)

– Приближно 32.000 војници од комбинираните контингенти на вооружените сили на НАТО и САД се стационирани во непосредна близина на Белорусија и Русија, во рамките на операциите на алијансата во Европа. Станува збор за повеќе од 1.000 оклопни единици, околу 160 артилериски системи и минофрлачи, 235 авиони и хеликоптери, рече Лукашенко.

МИА

- Реклама -