Блинкен: Русија е одговорна за смртта на Навални

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Русија е одговорна за смртта на опозицискиот политичар Алексеј Навални, доколку веста за неговата смрт е точна.

„Прво и најважно, ако оваа вест е точна, нашите мисли се со неговата сопруга и неговото семејство“, рече Блинкен во Минхен, каде што присуствува на безбедносна конференција.

Тој додаде дека Навални умрел во руски затвор и дека „фиксацијата и стравот од еден човек ја нагласуваат слабоста и трулежот во срцето на системот што го изгради Путин“.

„Русија е одговорна за тоа. Ќе разговараме со многу други земји кои се загрижени за Алексеј Навални, посебно ако овие извештаи се потврдат како вистинити“, рече Блинкен.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Канцеларијата на Федералната казнено-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненецки денеска соопшти дека по прошетка, Навални се чувствувал лошо и изгубил свест, по што бил неуспешно реанимиран, а причината за смртта се утврдува.

Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна во рускиот регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ.

- Реклама -