Бела куќа: Украинскиот град Авдиивка во опасност да биде заземен од Русија

Украинскиот град Авдиивка е во опасност да биде заземен од руските сили, соопшти денеска Белата куќа, повикувајќи го Претставничкиот дом на САД да одобри витална воена помош за Киев.

„За жал, добиваме извештаи од Украинците дека ситуацијата е критична, при што Русите продолжуваат да вршат притисок врз украинските позиции секој ден. Авдиивка е во опасност да падне под руска контрола“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Прочитајте и:  „Фајненшл тајмс“: Русија регруирала стотици Јеменци во војната против Украина
- Реклама -