СЗО: Израелска офанзива на Рафа би предизвикала несогледлива катастрофа

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека израелска воена офанзива врз Рафа во јужниот дел на Газа ќе предизвика „несогледлива катастрофа“ и ќе го доведе здравствениот систем на енклавата поблиску до раб на колапс.

– Воените активности во оваа густо населена област, се разбира, би биле несогледлива катастрофа и дополнително би ја прошириле хуманитарната катастрофа до незамисливи размери, потенцираше Ричард Пиперкорн, претставник на СЗО за Газа и Западниот Брег.

Тој додаде дека воените активности ќе го зголемат товарот на целосно преоптоварениот здравствен систем кој е веќе „на колена“ и ќе го турнат „на работ на колапс“.

Пеперкорн истакна дека способноста на СЗО да дистрибуира медицинска помош во Газа е ограничена бидејќи голем број од нејзините барања за набавки се одбиени.

Прочитајте и:  Израел стои зад смртоносните експлозии на пејџери што беа насочени кон Хезболах и ранија илјадници во Либан

Тој потенцираше дека од ноември само 40 отсто од мисиите на СЗО во северниот дел на Газа добиле одобрение од израелските власти, а таа бројка е значително намалена од јануари.

– Сите овие мисии се одбиени, спречени или одложени, рече Пеперкорн, додавајќи дека е „апсурдно“ што се одобрени само 45 отсто од барањата на СЗО за мисии во јужна Газа.

Израел претходно негираше дека блокира влез на помошт во палестинската енклава.

- Реклама -