МВР: Изменет Правилникот за налепници „NMK“ на возилата, рокот е продолжен до 31 декември 2024

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до  31 декември 2024 е продолжен рокот за ставање налепница на која е испишана ознаката „НМК“ односно за замена на регистарските таблички кои ја содржат ознаката „МК“ и на оние кои немаат никаква ознака.

МВР наведува дека тоа е утврдено  во измените на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање, кои вчера (12 февруари 2024) се објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

-Исто така, ги информираме оние граѓани кои ќе бидат спречени од страна на граничните полициски службеници да направат излез од државата поради тоа што поседуваат патна исправа со името „Република Македонија“, дека можат да побараат писмено известување во кое ќе бидат наведени причините поради кои се оневозможени да направат излез, соопшти МВР.

Прочитајте и:  Кривична пријава против поранешни вработени во МВР, се приклучиле на криминална група и информирале за постапките на МВР и државните органи
- Реклама -