Сирски: Успехот на Украина во конфликтот со Русија зависи од иновациите

Успехот на Украина во конфликтот со Русија е условен од постојаните иновации во начинот на водење на војната, изјави денеска новоименуваниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски.

Во своето прво обраќање по вчерашното назначување на функција, Сирски на каналот Телеграм особено ја истакна улогата што ја играат технолошките елементи како што се беспилотните летала.

Генералот кажа дека пред се е потребно јасно и детално планирање на дејствијата на сите воени командни тела, формации и единици, имајќи ги предвид потребите на фронтот за најновото воооружување што доаѓа од меѓународните партнери, пренесуваат украинските медиуми.

Според него, неопходна е најбрза и најефикасна дистрибуција и испорака на се што е потребно за единиците.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Сирски вети дека ќе ги заштити животите и здравјето на украинските војници, како и дека ќе обезбеди логистиката да биде доверлива.

Тој ја нагласи и потребата од воведување нови технички решенија, зголемување на употребата на беспилотни системи и модерни системи за електронско војување.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера го назначи Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина, откако Валери Залужни беше разрешен од функцијата.

- Реклама -