Ал-Хути: Ќе продолжиме со ескалацијата во Црвено Море сè додека не запре израелската офанзива во Газа

Лидерот на јеменските бунтовници Мохамед Али ал-Хути денеска изјави дека групата „ќе продолжи со ескалацијата“ на ситуацијата во Црвено Море се додека не запре израелската офанзива во Појасот Газа, пренесуваат британските медиуми.

Хутите, поддржани од Иран, од средината на ноември ги напаѓаат трговските бродови во Црвеното Море со беспилотни летала и проектили.

Јеменските бунтовници Хути велат дека нивните акции се чин на солидарност со Палестинците во војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
- Реклама -