Возачот на Ферари, Шарл Леклер, кога го продолжил договорот со тимот од Маранело, не ни помислувал дека Луис Хамилтон ќе договори трансфер.
Тој бил шокиран и разочаран од веста за доаѓањето на Хамилтон во Ферари, пишуваат медиумите во Италија.
Возачот на Мерцедес ќе го замени Карлос Сајнц во 2025 година и ќе стане тимски колега на Леклер.
Според Corriere dello Sport, Моначанецот не е пријателски настроен кон Хамилтон. Весникот забележува дека подобар пласман од Хамилтон ќе го претвори Леклер во „херој“, а поразот ќе ја наруши репутацијата на Шарл кој неодамна го продолжи договорот со Ферари до 2029 година.