Над половина од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.
Еднонеделен годишен одмор надвор од местото на живеење не можат да си дозволат 55 проценти од жителите на земјава. Полошо од нас во Европа стојат Албанија каде што 58,3% од граѓаните не можат да одат на одмор, Турција (60,8%), Романија (62,5%), Црна Гора (67,2%) и Косово (69,5%).
Во Грција процентот на луѓе кои не можат да си дозволат годишен одмор е 48,8, во Бугарија 43,8, во Србија 43,6, Хрватска 41,7, а во Словенија 16,7.
Одмор подолг од една недела во текот на годината најмногу можат да си дозволат жителите на Луксембург каде што таква можност немаат само 7,6 отсто, во Норвешка (7,9%), Швајцарија (8,4%) и во Исланд (8,6%).
На одмор не можат да одат и 21,9% од Германците, 23,4% од Британците, 25,4% од Францусите и 36,6% од Шпанците.
МИА