Кремљ со протестна нота против израелската амбасадорка поради неприфатливи коментари

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека ќе ја повика на разговор израелската амбасадорка Симона Халперин поради „неприфатливите коментари“ кои ги дала во интервју, објавија денеска руски медиуми.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, амбасадорката е обвинета за погрешно прикажување на надворешнополитичката позиција на Русија во интервјуто што го даде вчера за рускиот дневен весник Комерсант.

Руското Министерство ги опиша коментарите на израелската амбасадорка како „исклучително неуспешен почеток“ на нејзината дипломатска служба, која започна во декември минатата година.

Во интервјуто, Халперин го критикуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за минимизирање на значењето на холокаустот и ја обвини Русија дека е премногу пријателска кон палестинската милитантна група Хамас.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци
- Реклама -