Бундестагот одобри 7.6 милијарди евра за Украина

Парламентот на Германија го одобри буџетот за 2024 година, во чии рамки ќе бидат доделени 7,6 милијарди евра за воена помош за Украина, соопшти денеска Бундестагот.

„За“ предлог-буџетот гласаа 388 пратеници, а „против“ се изјасниле 279.

Вкупниот буџет за годинава е 476,8 милијарди евра, а новите позајмици во моментов изнесуваат 39 милијарди евра.

Прочитајте и:  Претседателот на Финска: Доналд Трамп треба да биде сфатен сериозно за планот за завршување на војната во Украина
- Реклама -