Најмрачните негативци од Дизни

НегативциЗа да се создаде добар јунак, спроти него мора да стои моќен негативец. Цртаните филмови од Дизни се познати по тоа што нивните негативци се прилично мрачни. Ова е листата од најмрачните негативци што некогаш се појавиле во продукцијата на Дизни.

За да се создаде добар јунак, спроти него мора да стои моќен негативец. Цртаните филмови од Дизни се познати по тоа што нивните негативци се прилично мрачни. Ова е листата од најмрачните негативци што некогаш се појавиле во продукцијата на Дизни.

Кралицата од „Снежана и седумте џуџиња“
Негативци
Иако немаше име, кралицата ги постави стандардите за сите подоцнежни негативци од Дизни. Нејзиниот примарен мотив беше зависта. Поради тоа, таа се обиде да ги натера своите слуги да ја убијат Снежана, а подоцна, кога ништо друго не успеа, се престори во бабичка, обидувајќи се лично да ја отруе.

Капетан Кука од „Петар Пан“

Негативци
Капетанот Кука е злобен и дволичен, но има и една слабост – живее во постојан страв од крокодилот што му ја одгризал дланката. Во оригиналната приказна, тој требало да биде убиен на крајот од цртаниот филм, но Дизни се премислил, зашто ликот им се допаднал на многумина и затоа само бил избркан од крокодилот.

Злобната вила од „Заспаната убавица“

Негативци
Иако никој не сака да биде избришан од списокот на гости на големи настани, но фрлањето клетва на недолжно бебе изгледа претерано. Патем, таа може да се претвори во змеј што плука оган!

Круела де Вил од „101 далматинец“

Негативци
Едно е да се обидувате да убиете луѓе, но мали кученца? Не е ни чудно што Круела доби толкаво внимание во цртаниот филм или пак што во филмот беше одбрана Глен Клоуз да ја одигра злобната богата жена.

Урсула од „Малата сирена“

Негативци
Урсула, покрај необичниот изглед е класично злобен негативец – ја измамува хероината, се трансформира и пее заразна песна.

Џафар од „Аладин“

Негативци
Џафар ја манифестира својата злоба преку умствената моќ за манипулација на султанот, во надеж дека ќе се здобие со доволно моќ за да го преземе кралството Аграба. Чудно е зошто толку зависи од својот помошник – Јаго, кога е повеќе од очигледно дека кога-тогаш ќе го забоди во грбот.

Скар од „Кралот лав“

Негативци
Иако овој цртан филм го има ископирано заплетот од „Хамлет“, сепак, изведбата на негативецот за кој зборува Џереми Ајронс е извонредна. Не се дава објаснување зошто зборува со англиски акцент, но едно од можните објаснувања е за да потсетува на еден претходен негативец од Дизни – тигарот Шир Кан од „Книга за џунглата“.

Рендал Богз од „Чудовишта“

Негативци
Измачување на двегодишно девојче само за да напредува во работата? Тоа е ниско дури и за чудовиште. Дополнително, Рендал има една моќ што сигурно ќе ви се допадне – може да стане невидлив за да им се прикраде на луѓето.
- Реклама -