Песков: САД сакаат да го префрлат товарот на помошта за Украина врз европските граѓани

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Западот се обидува да ја демонизира Русија за да ја направи да изгледа како непријател.

Според портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, „Вашингтон прави напори да го префрли товарот на помошта за Украина на рамениците на европските даночни обврзници“.

„Јасно е дека има континуирани обиди на Вашингтон да го префрли финансискиот товар на поддршката за режимот во Киев на рамениците на европските даночни обврзници. Ќе го следиме целиот процес и информациите што го придружуваат. Свесни сме дека Киев продолжува да има проблеми, проблеми доживува и колективниот Запад“, рече Песков.

Земјите членки на ЕУ денеска постигнаа договор на нивниот самит во Брисел за доделување пакет помош за Украина од буџетот на Унијата.

Прочитајте и:  ЕУ размислува да го замени рускиот течен гас со американски гас, објави Урсула фон дер Лајен
- Реклама -