Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Белорусија стана нуклеарна сила откако беше изградена белоруската нуклеарна централа со учество на Русија, што е сериозен чекор напред во економскиот и технолошкиот развој, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Тој на состанокот на белорускиот Врховен државен совет потсети дека со учество на Руската Федерација во 2023 година во Белорусија изграден е вториот блок на белоруската нуклеарна централа.

Ова е, се разбира, многу сериозен напредок, имајќи предвид дека не само што е изградена станица, туку, како што секогаш велиме, се создава индустрија. И во таа смисла, Белорусија, се разбира, стана нуклеарна сила, ова е сериозен чекор напред во развојот на економијата и научните сфери, во технолошкиот развој, посочи Путин.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -