Најлоши градови за живеење (ако се наоѓате во апокалиптичен филм)

Најлоши градовиИако во последно време, филмовите кои се занимаваат со катастрофи и самите се покажуваат како катастрофи со крајно нелогични краеви („Знаење“, „2012“ итн.), сепак, ако да се направи пресек од најголемиот број апокалиптични филмови, може со сигурност да се утврди кои се најлошите градови во кои можете да живеете, доколку на светот му претстои неминовен крај.

Иако во последно време, филмовите кои се занимаваат со катастрофи и самите се покажуваат како катастрофи со крајно нелогични краеви („Знаење“, „2012“ итн.), сепак, ако да се направи пресек од најголемиот број апокалиптични филмови, може со сигурност да се утврди кои се најлошите градови во кои можете да живеете, доколку на светот му претстои неминовен крај.

Токио
Најлоши градови
Според бројот на филмови во кои Годзила и пријателите-чудовишта го разоруваат Токио, градот би требало да биде уништуван на секои 4-5 години. Би помислиле дека по некое време, нацијата која најмногу се гордее со технолошките достигнувања би направила некое античудовишно оружје!

Лос Анџелес

Најлоши градови
Сте гледале ли некогаш филм со какви било катастрофи, во кои Лос Анџелес имал шанса да пострада, а ја избегнал несреќата? Сигурно не, зашто не постојат такви. Лос Анџелес секогаш претрпува катастрофални земјотреси, исчезнува во океанот, го преплавува лава од вулкан, го освојуваат зомбија, го уништуваат нуклеарки, еднаш дури стана и затвор („Бегство од Лос Анџелес“).

Њујорк

Најлоши градови
Њујорк се наоѓа веднаш до Атлантскиот Океан, па секогаш кога има природна катастрофа, кога ќе падне метеор во Атлантикот му се случува да биде уништен од огромни цунами! Кога напаѓаат вонземјани, една од целите секогаш е Њујорк. Таму одат и вампирите и духовите и сите други чудовишта што може да ги замислите.

Вашингтон

Најлоши градови
Вашингтон е главниот дипломатски центар на Америка, па секогаш кога има инвазија од вонземјани, нелогично би било да го промашат. И не го промашуваат, при тоа секогаш уништувајќи ги монументалните градби што се наоѓаат таму. Секако и природните катастрофи имаат обичај да го преуредуваат градот.

Париз

Најлоши градови
Париз најчесто го погодуваат огромни астероиди, роботи-трансформери и вонземјани.

Сан Франциско

Најлоши градови
Сан Франциско секогаш го демне опасност од џиновски морски чудовишта, мутанти, зомбија и секако – магнетизмот кој предизвикува неверојатни земјотреси.

Лондон

Најлоши градови
Лондон, поради специфичната култура, покрај вообичаените закани: астероиди, вонземјани, пожари, зомбија и нуклеарни катастрофи, секогаш мора да внимава и на оние незгодни суштества што летаат, плукаат оган и грабаат млади девојки – змејовите.

Лас Вегас

Најлоши градови
Во најголемиот број филмови со катастрофи каде што се фрла поглед и на Лас Вегас, се случува и таму по некој земјотрес, пожар, напад на вонземјани, но речиси никогаш тој не е ставен во центарот на случувањата. Во “Resident Evil: Extinction” сепак, Лас Вегас ги доживеа своите морничави 5 минути кога беше уништен од зомбија.

Рим

Најлоши градови
Како и Лас Вегас, и Рим не го добива заслуженото уништувачко внимание, туку спорадично се појавува во приказните кои опфаќаат повеќе градови. Сепак, во филмот „Јадрото“, поради забавувањето на јадрото на Земјата, Рим беше срамнет со земја поради неверојатните електрични празнења кои таму настанаа.

Балтимор

Најлоши градови
Балтимор е здодевен град и речиси никогаш не се појавува во апокалиптични филмови (веројатно зашто нема ништо вредно за уништување). Но, во филмот “The Sum of All Fears” беше добро наплатено за ваквиот нефер третман. Таму и само таму експлодира нуклеарна бомба, преплавувајќи го градот со радијација.
Прочитајте и:  „Црна?“ на Леона Јариќ- смел филм за работите кои го реметат живото
- Реклама -