„Како што го подобруваме Netflix, повремено ќе бараме од нашите корисници да платат малку повеќе за да ги оправдаат овие подобрувања, што пак ќе донесе нови инвестиции и подобрувања на нашите услуги“, велат од компанијата.
Netflix лансираше верзија поддржана од реклами во ноември 2022 година, а на патот, почна да се бори со споделувањето лозинки.
На почетокот на месецов објавија дека имаат 23 милиони активни корисници во рекламниот сегмент, што според прогнозите на експертите е меѓу 12 и 15 милиони претплатници.
Инаку, Нетфликс има повеќе од 260 милиони претплатници ширум светот, а цената за рекламниот сегмент во САД чини 6,99 долари и не е зголемена откако е воведен.
Нетфликс во писмото до инвеститорите не наведува колку планира да ги зголеми цените ниту за кои региони се однесува, па прашање е дали ќе важи и за Македонија.
Извор: b92.net