Вашингтон: Oбвинувањата против Израел за „геноцид“ се „неосновани“

САД денеска повторно потврдија дека обвинувањата за „геноцид“ против Израел се „неосновани“, реагирајќи на пресудата на Меѓународниот суд на правдата која го повика Израел „да ги преземе сите мерки во негова моќ“ за да избегне геноцид во Газа.

– Продолжуваме да мислиме дека обвинувањата за геноцид се неосновани и го констатираме фактот дека Судот не донесе заклучок за геноцид, ниту повика на прекин на огнот, рече портпаролот на Стејт департментот.

Меѓународниот суд на правдата, највисокиот суд на Обединетите нации, денеска одлучи да не го отфрли тужбеното барање на Јужна Африка против Израел за геноцид. Судот не нареди прекин на огнот во Појасот Газа, но, меѓу другото, побара Израел да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид врз Палестинците во мала енклава и донесе одлука за шест итни мерки.

Прочитајте и:  Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел, подготвена e да започне операции доколку се почувствува загрозена

Како што е наведено, според член два од Конвенцијата за спречување и казнување на геноцидот, Израел мора да „спречи акти на убивање и нанесување сериозни физички и ментални повреди на Палестинците“.

Покрај тоа, мора да се погрижи израелската армија да не ги изврши овие дела и да го спречи и казни секое директно и јавно поттикнување да се изврши геноцид.

Покрај тоа, наредено е да се овозможи обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош за Палестинците во Газа и да се спречи уништување на какви било докази поврзани со обвинувањата за акти за геноцид.

Мора да се поднесе извештај до судот за сите преземени мерки за да се осигура дека Израел ги исполнува тие наредби.

- Реклама -