О’Брајан: Европскиот план за развој на Западен Балкан ќе биде „стероиди за економијата“ на регионот

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да го започне Европскиот план за развој на Западен Балкан, иновативен и ветувачки проект за развој на економиите на шесте земји од регионот, изјави синоќа Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар за Европа и Евроазија.

Во обраќање синоќа во Германскиот Маршалов фонд во Вашингтон О’Брајан рече дека Брисел признава дека постои умор од проширувањето на ЕУ во шесте земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Северна Македонија и Црна Гора.

-Им се ветува европскиот пат но никако да застанат на него … Знам дека постои и обновен дух од земјите членки како да се ангажираат, но тие креираа и иновативен механизам – Европски план за развоја на регионот, и земјите од Западен Балкан сега чекаат конечно одобрување на овој проект, истакна О’Брајан.

Додаде дека клучно во овој план е тоа што во замена за одредени реформи секоја земја одделно без никакво вето од некоја друга може да има корист од учеството во делови од единствениот европски пазар.

Прочитајте и:  ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ

-Сметам дека е ова ќе бидат стероиди за економијата, рече О’Брајан.

Тој ги кажа своите впечатоци од средбата со лидерите на земјите од Западен Балкан на која заедно дошле пет претставници „вклучуваќи еден кој има билатерални проблеми, се заложивме да работиме на сет од специфични реформи започнувајќи со полесен транспорт на стоки и трансфер на пари. Ова треба да се реализира во текот на годинава и се очекува да има практичен ефект“.

-Ова ќе има практичен ефект, трошоците за прекугранично движење на валути ќе се намали за три до пет отсто за секоја трансакција, а тоа се пари во џебовите на луѓето, укажа тој.

Додаде дека дополнителна работа да се вклучат во овој план е предвидена и со Грузија, Азербејџан и Ерменија.

- Реклама -