САД го предупредиле Иран пред терористичкиот напад на Исламска држава, вели американски функционер

Американската влада приватно го предупредила Иран за терористичката закана пред смртоносниот напад на Исламската држава (ИД) на почетокот на овој месец во градот Керман за време на годишнината од смртта на воениот командант Касем Сулејмани, во кој загинаа речиси 100 луѓе, изјави неименуван американски функционер.

– Американската влада ја следеше долгогодишната политика на „должност да ги предупреди“ странските влади од потенцијално смртоносни закани. Ги даваме овие предупредувања делумно затоа што не сакаме да бидат изгубени невини животи во терористички напади, рекол неименуваниот функционер.

Џон Алтерман, директор на програмата за Блискиот Исток во тинк-тенкот CSIS во Вашингтон, рече дека предупредувањето може да ја одразува пошироката желба на САД за дијалог со Иран.

Прочитајте и:  Американски сенатор: Залудно е да се преговара со тиранинот Путин
- Реклама -