Хамас ќе ги ослободи сите заложници ако Израел ги ослободи сите палестински затвореници

Хамас ќе ги ослободи сите израелски заложници во Газа доколку Израел ги ослободи сите палестински затвореници, соопшти денеска високиот претставник на организацијата Осама Хамдан на прес-конференција во Бејрут.

Хамдан исто така рече дека доколку Меѓународниот суд на правдата во Хаг утре донесе одлука со која се повикува на прекин на огнот во Појасот Газа, палестинското движење ќе го почитува доколку Израел го стори истото.

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас
- Реклама -