Камерон: Нападите на САД и Велика Британија испратија најјасна порака до Хутите

Новата рунда британски и американски напади врз Хутите во Јемен имаше за цел да испрати најјасна можна порака до бунтовниците дека нападите врз товарни бродови се неприфатливи, изјави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.

Камерон рече дека британските вооружени сили „ќе продолжат да ја намалуваат“ способноста на Хутите да вршат напади се додека нивната „целосно неселективна“ кампања на вознемирување на Блискиот Исток продолжува.

Камерон рече дека Британија продолжува со својата воена акција против Хутите додека тие продолжуваат да напаѓаат товарни бродови.

Лондон и Вашингтон нападнаа цели на бунтовниците ноќта меѓу 11 и 12 јануари, а во последните денови САД извршија нови напади. И покрај западната интервенција, товарните бродови и понатаму се цел на напади на таа важна глобална трговска рута што води до Суецкиот канал, низ кој минува 15 отсто од светскиот поморски транспорт на стоки.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

Меѓународните бродски компании мораа да ги пренасочуваат товарните бродови околу Ртот Добра Надеж во јужна Африка, што ги прави патувањата многу подолги и поскапи.

- Реклама -