10 актери кои починале пред да го видат нивниот последен филм

Тоа што смртта на славна личност ја прави толку страшна е тоа што често нивната финална работа доаѓа на виделина откако тие ќе починат. Во случајот со филмските звезди, тоа е нивниот последен филм, кој ќе се прикаже месеци откако тие биле закопани/кремирани. Филмот овозможува форма на бесмртност, и гледајќи ги овие филмови за збогум е како да гледаме дух на екранот.

Тоа што смртта на славна личност ја прави толку страшна е тоа што често нивната финална работа доаѓа на виделина откако тие ќе починат. Во случајот со филмските звезди, тоа е нивниот последен филм, кој ќе се прикаже месеци откако тие биле закопани/кремирани. Филмот овозможува форма на бесмртност, и гледајќи ги овие филмови за збогум е како да гледаме дух на екранот.

Хит Леџер и Берни Мек не биле првите. Тие НЕ се на оваа листа, но се инспирација за истата.

10. Џон Кенди: 1950 – 1994
candy-died-pic_copy_copy_copy Брилијантен комедиски актер, со комплекс за својата тежина, Џон Кенди очигледно превземаше чекори за да си го подобри своето здравје во подоцнежните годнини. Но, беше предоцна. На 43 години, Џон Кенди заспа и никогаш повеќе не се разбуди: доживеа срцев удар за време на снимање, на 4 март 1994. Негов двојник беше користен за да се заврши филмот и беше издаден тоа лето. Тоа е филмот „Wagon’s East!“.     Ништо чудно ако не го знаете, бидејќи помина многу лошо на кино благајните, а и кај критиката. Многуминна велеа дека тоа е „тажен начин за да се заврши кариерата на толку добар актер.“

Последен завршен филм на Џон Кенди(додека бил жив) е „Canadian Bacon“ на Мајкл

 

9. Спенсер Трејси: 1900 – 1967
spencer-tracy-died-pic_copy 74 филма+9 номинации за Оскар+2 добиени Оскара+9 место на листата „Најголеми машки звезди на сите времиња“ на Американскиот Филмски Институт = Спенсер Трејси. Со име на познатиот полициски детектив од 1920тите, името и актерското „наследство“ на Трејси нема никогаш да умре. На 67 годишна возраст, Трејси доживеа срцев удар, 17 дена откако го комплетирал својот последен филм „Guess Who’s Coming to Dinner“.
Но, некако се знаеше: осигурителните компании не сакаа да имаат ништо со него бидејќи се гледаше колку е изнемоштен, а и распоредот на снимање бил организиран според променливата состојба на неговото здравје.
Смртта на Спенсер Трејси е трагедија, но не е изненадување.

8. Кларк Гејбл: 1901 – 1960
-clark-gable-died-pic Со прекар „кралот на Холивуд“, Кларк Гејбл беше синоним за зборот „икона“. Се има појавено во 67 филма, вклучувајќи ги „Mutiny on the Bounty“ и „Gone With The Wind“, и освоен Оскар за „ It Happened One Night“.
Гејбл додека чекаше пофални критики за неговата изворедна улога во „The Misfits“, каде што игра заедно со Мерилин Монро, доживеа срцев удар. Тој почина на 16 ноември 1960, многу брзо откако беше завршено снимањето. Имаше 59 години.

7. Алија: 1979 – 2001
celebrity-deaths-aaliyah-died-picRnB пејачката самошто почнуваше да си обезбеди место во филмскиот свет кога загина во авионска несреќа враќајќи се од снимање на музички видео спот. Причината – носеле премногу тешка опрема. Таа имаше 22 години.
Таа имаше споредна улога во второто продолжение на „Matrix“, но режисерот одлучи дека нема доволно снимен материјал со неа за да може да се икористи. „Queen Of The Damned“ е последниот филм во кој таа имаше улога, настапувајќи заедн со Стујарт Таузенд. Филмот беше издаден 6 месеци по нејзината смрт, и веднаш беше „осуден на пропаст“ од критиката.

6. Натали Вуд: 1938 – 1981
celebrity-deaths-natalie-wood-died-pic Иако нејзиниот актерски талент беше тема на многу критичари, Натали Вуд сепак успеа да настапи во некои многу успешни филмови, како на пример „Rebel Without A Cause“ и „West Side Story“. Вуд истотака освои номинации за Оскар, Бафта и Златен Глобус во текот на нејзината актерска кариера. Но, истата беше прекината кога таа случајно се удави на 43 години. Тоа беше во 1981, за време на снимањето на филмот „Brainstorm“.
Филмот беше издаден 2 години по смртта на Натали, со сцена која недостасува, бидејќи не била комплетирана. Критиката го сакаше филмот, но не успеа на кино благајните.

Прочитајте и:  Kinds of Kindness“ во режија на Јоргос Лантимос - визионерска симфонија на апсурдот

5. Џин Харлоу: 1911 – 1937
celebrity-deaths-jean-harlow-died-pic Русокосата убавица често имаше улоги каде што игра тоа што е, секс симбол. Тажно, но влошувањето на нејзиното здравје за време на снимањето на „Saratoga“-кој беше нејзин последен филм-спречи таа да има богата кариера каква што заслужува. Откажувањето на бубрезите го прекина животот на Џин Харлоу на 6 јуни 1937, на 26 годишна возраст.

„Saratoga“, каде што настапува заедно со Кларк Гејбл, беше издаден 1 месец подоцна.

4. Ривер Феникс: 1970 – 1993
celebrity-deaths-river-phoenix-died-pic Убавиот и мистериозниот Ривер Феникс беше една од најголемите холивудски звесди во подем. Постариот брат на Жоакин Феникс имаше само 23 години кога почина на Ноќта на Вештерките во 1993. Неговото откажување на срцето беше поврзано со дрога – мешање на хероин и кокаин. Дрогата ја преика ветувачката кариера на овој талентиран актер.
Неговиот последен филм, „Silent Tongue“ беше промовиран следната година. Феникс исто така работеше и на друг филм, „Dark Blood“, и имаше снимено околу 95% од филмот. Но, филмот никогаш не го виде светлото на денот бидејќи имаше некои клучни сцени кои што не можеле да се снимаат без Ривер.

3. Брус Ли: 1940 – 1973
celebrity-deaths-bruce-lee-died-pic Совршен пример за тоа дека и да го имате најсилното тело, да го живеете животот најздраво што можете, сепак ќе има нешто што не е во ред. Тажно во смртта на Брус Ли е тоа дека починал од апчиња против главоболка, кои му биле дадени од еден пријател. Комбинацијата на состојките во апчињата довела до фатална реакција во мозокот на Брус. Замислете си како ли се чуствувал пријателот.
Всушност, точните детали за смртта на Брус Ли сеуште се тема на дебата, а некои и веруваат дека е поради клетва која е фрлена на него. Последниот комплетиран филм на Брус Ли, „Enter the Dragon“ беше прикажан само 6 дена по неговата смрт.
Имаше 32 години.


2. Брендон Ли: 1965 – 1973

celebrity-deaths-brandon-lee-died-pic_copy Синот на Брус Ли имаше само 8 години кога неговиот татко почина, и 20 години подоцна, му се придружи. Додека снимаше сцена од филмот „The Crow“ – филмот кој ќе го направеше звезда – беше застрелан и убиен од пиштол кој бил реквизит во филмот. Почина на 31 март 1993.
Коинциденцијата на неговата смрт 20 години подоцна од смртта на неговиот татко, и пред прикажувањето на филмовите кои ќе ги направеа звезди, ја осигура озборувачката „клетва“ на семејството Ли.
„The Crow“ бил завршен со двајца дублери и компјутерски трикови, и беше прикажан во мај 1994.

 

1. Џејмс Дин: 1931 – 1955
celebrity-deaths-james-dean-died-pic Кариерата на Џејмс Дин траеше само 4 години и имаше само 3 филма – но какво влијание. Озборуван дека бил и хомосексуалец, Дин беше, и ќе остане секс икона и за мажите и за жените. Почина во сообраќајна несреќа во 1955. Неговата смрт на само 24 години гарантираше дека неговот име нема никогаш да биде заборавено, и ја овековечи неговата улога во „Rebel Without A Cause“, прикажан само 1 месец откако тој почина, а и еден од најславните филмови во филмската индустрија.

Неговиот последен филм, „Giant“, беше прикажан следната година и со него Џејмс Дин ја доби својата прва постхумна номинација за најдобар актер во историјата на Оскарите.

Оливер Рид „Gladiator“, Ричард Харис „Harry Potter And The Chamber Of Secrets“, Орсон Велс „Transformers: The Movie“, Вик Мороу „Twilight Zone: The Movie“

- Реклама -