Русија ѝ забрани на Велика Британија рибарење во Баренцовото Море

Руските власти одлучија да го откажат договорот за рибарство од 1956 година со Обединетото Кралство.

На британските рибари сега им е забрането да ловат риба во Баренцовото Море.

Како што објаснуваат од надлежното руско министерство, откажувањето се должи на фактот што Велика Британија го загуби статусот на најповластена нација во билатералната трговија во март 2022 година.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон
- Реклама -