Лидерот на Хутите: Не се плашиме од нападите на САД, ќе продолжиме да гаѓаме бродови

Додека конфликтот меѓу Израел и Хамас продолжува, малку подалеку на југ, во тек се воздушни напади на Соединетите Американски Држави и Велика Британија против јеменските Хути, кои се поддржани од Иран, а кои претходно гаѓаа бродови во Црвеното Море и во Аденскиот Залив, пишува Гардијан.

По првпат по американско-британскиот одговор на нападите на Хутите, лидерот на јеменските бунтовници Абдул Малик ел Хути реагираше и нагласи дека ќе продолжат нападите врз бродовите околу теснецот Баб ел Мандеб, како и дека одговорите на САД и нивните сојузници нема да ги исплашат.

– Ќе продолжиме да ги гаѓаме бродовите што имаат каква било врска со Израел. Тоа ги вклучува и американските и британските бродови, потенцираше Ел Хути.

Прочитајте и:  Бајден брза да испрати помош за Украина пред инаугурацијата на Трамп

МИА

- Реклама -