ЕУ предупредува на зголемување на цените на енергијата и инфлацијата поради нападите во Црвено Море

Комесарот за економија на Европска Унија, Паоло Џентилони денеска предупреди дека насилството во Црвено Море, предизвикано од нападите на Хутите, може да ги зголеми цените на енергијата и да ја зголеми инфлацијата во ЕУ.

– Знаеме дека ја започнуваме оваа година со слаб раст, со некои добри вести на пазарот на трудот, но зголемена е загриженоста за надолните ризици предизвикани од геополитичките тензии, наведе Џентилони на почетокот на состанокот на министрите за финансии на ЕУ.

Тој додаде дека тоа што се случува во Црвеното Море во моментот не влијае врз цените на енергенсите и инфлацијата, но оти треба многу внимателно да се следи ситуацијата, бидејќи последиците би можеле да се почувствуваат во наредните недели.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

Претседателот на Квинс колеџот во Кембриџ и главен економски советник во гигантот за финансиски услуги „Алијанц“, Мухамед Ел-Еријан денеска за Би-би-си изјави дека поради конфликтот во Црвено Море, на светот му се заканува повисоки стапки на инфлација, повисоки каматни стапки на хипотеките и понизок економски раст.

- Реклама -