Зголемените сметки затворија илјадници угостителски објекти во Велика Британија

Во Велика Британија се затвораат илјадници гостилници и кафулиња, поради зголемените сметки за комунални услуги и наем, пишува „Индипендент“ (Independent).

„Угостителската индустрија попушта под тежината на зголемените сметки за струја… Илјадници барови, ресторани и пабови ширум Велика Британија се затвораат трајно, поради превисокиот наем и тековни трошоци“, се наведува во написот, врз основа на податоци од Kонсултантската групација ЦГА.

Од јануари до септември 2023 година, се вели, биле затворани над 10 угостителски објекти секој ден. Во исто време, нивниот вкупен број во Велика Британија падна на помалку од 100.000 – првпат откако се следат овие податоци. Меѓу другите фактори што водат до затворање ресторани на Островот се и зголемените цени на храната и недостигот на работници.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон
- Реклама -