Украина тврди дека Русија користи забранет солзавец

Украина ја обвини Русија дека користи експлозиви кои содржат забранети хемиски соединенија во нападите против украинските војници во нивните ровови, а во последното бомбардирање на цивилната инфраструктура уништила складиште за жито.

Експлозиви кои содржат иритирачки гас CS, познат и како солзавец, наводно биле фрлени со дронови или истрелани од артилерија. Отровниот гас го користи и полицијата во многу региони, пренесе ДПА.

Генералштабот на украинската армија вчера соопшти дека се регистрирани 626 случаи од почетокот на војната пред речиси две години. Од почетокот на јануари 2024 година, имало 51 случај со тренд на зголемување до 10 напади дневно.

Употребата на таков гас во војување е забранета според Конвенцијата за хемиско оружје на Обединетите нации, која ја потпиша и Москва.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

ДПА нагласува дека украинските тврдења не можат да бидат независно проверени.

- Реклама -