Големи протести во Јемен по американско-британските напади врз Хутите

Десетици илјади Јеменци се собраа денеска во неколку градови каде ги слушаа нивните лидери како ги осудуваат американските и британските напади врз нивната земја, извршени како одговор на нападот на Хутите врз поморскиот сообраќај во Црвеното Море.

САД и Велика Британија рано изутрината извршија десетина воздушни напади врз воени цели на Хутите.

„Вашите напади врз Јемен се тероризам“, рече Мохамед Али Ал-Хути, член на Врховниот политички совет на Хутите, говорејќи за САД.

„Не ги нападнавме бреговите на Америка, ниту отидовме на американските острови, ниту ги нападнавме. Вашите напади врз нашата земја се тероризам. Тие се терористи и се вешти да го лажат светското население, но свеста на јеменскиот народ е поинаква, рече Ал-Хути.

Ирачката милитантна група Харакат ал Нуџаба, исто така поврзана со Иран, тврди дека американските интереси, како и сојузниците на САД, отсега нема да бидат безбедни.

Прочитајте и:  Трамп најави дека на 20 јануари ќе воведе царини за производи од Кина, Канада и Мексико

Демонстрантите во главниот град Сана ги газеа израелските и американските знамиња.

Меѓународно признатата јеменска Влада исто така соопшти дека нападите се одговор на континуираните напади на милитантите врз меѓународни бродови во Црвеното Море.

Владата поддржана од Саудиска Арабија додаде дека Хутите сносат одговорност за вовлекување на Јемен во конфликтот.

Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, рече дека САД не планираат да испратат дополнителни сили во регионот и дека претходните напади врз цели на Хутите имале „добри резултати“.

„Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и како што рекоа претседателот и министерот за одбрана, ќе продолжиме и ќе ги преземаме потребните акции, рече Рајдер.

МИА

- Реклама -