Малек ел Хути: Ниту еден американски напад нема да помине без одговор од Хутите

Лидерот на Хутите Абдел Малек ал Хути денеска изјави дека јеменските милитанти ќе одговорат на секој можен напад на САД врз милитантната група.

Тој рече дека одговорот ќе биде поголем од неодамнешниот напад кога Хутите гаѓаа американски брод во Црвеното Море со беспилотни летала и проектили.

– Ниту еден американски напад нема да остане без одговор. Одговорот ќе биде поголем од нападот извршен со 20 дронови и повеќе проектили, нагласи Ел Хути и додаде дека милитантната група ќе продолжи да напаѓа бродови поврзани со Израел.

Јеменските Хути, поддржани од Иран, ги засилија нападите врз трговските бродови во Црвеното Море во знак на протест против израелската офанзива во Газа.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

МИА

- Реклама -