4 монументални ликови кои биле спасени во последниот миг (видео)

Џокер Голем дел од нашите омилени филмски (или стрип) јунаци ги земаме здраво за готово. Си претпоставуваме дека кога им дошла идејата за Бетмен или Рамбо, креаторите веднаш знаеле дека имаат хит и се зафатиле со реализација на идеите. Но, дали е баш така? Ќе се изненадите кога ќе чуете дека дел од ликовите без кои денес не можеме да го замислиме светот на забавата, за малку, никогаш немало да постојат.


Голем дел од нашите омилени филмски (или стрип) јунаци ги земаме здраво за готово. Си претпоставуваме дека кога им дошла идејата за Бетмен или Рамбо, креаторите веднаш знаеле дека имаат хит и се зафатиле со реализација на идеите. Но, дали е баш така? Ќе се изненадите кога ќе чуете дека дел од ликовите без кои денес не можеме да го замислиме светот на забавата, за малку, никогаш немало да постојат.

Џокер4. Џокер

Во светот на суперхероите се среќаваме со една парадоксална ситуација. Од една страна, за да имаме добар суперхерој, мора да има одличен негативец, некој што „за малку“ не успева да го победи во епските битки. Но, доколку негативецот постојано успева да побегне и да се врати за уште една битка, па уште една и сè така во текот на 70 години, тогаш добиваме впечаток за јунакот дека е неспособен мекуш кој не успеал да го докрајчи ниту еднаш, иако сигурно имал шанси за такво нешто.

Токму вакви мисли го мачеле Бил Фингер, еден од писателите на Бетмен. Затоа, во првото издание, тој го убил Џокер, забодувајќи му нож во градите. Но, се вмешал Витни Елсворт, еден од директорите на DC Comics. Тој не сакал впечатливите ликови толку бргу да се убиваат, па му наредил на писателот да го спаси, пред стрипот да оди на печатење. Била додадена уште една страница, на која докторот во брзата помош уште еднаш врши преглед и заклучува дека човекот кој лежи пред него ќе преживее.

Ако мислите дека ова било грешка, погледнете во иднината. Стотици стрип изданија, неброени епизоди од сериите и неколку филмови подоцна, Џокер остана најдобриот негативец кој можеа да го смислат.

Џек Шепард3. Џек Шепард

Целиот концепт на „Изгубени“ е – нешто ќе се случи, само затоа што може да се случи. Па така, Џек Шепард, човекот кој несомнено е водачот на сите кутри талкачи по островот (и ликот кој секогаш ви дава желба да го нокаутирате) требало да умре во пилот-епизодата. И не само тоа, требало да биде игран од никој друг, туку Мајкл Китон.

Првичната идеја на Џ.Џ. Абрамс била да се земе познат актер, кој ќе се прикаже како централен лик, само за да биде убиен на крајот од епизодата и така шокантно да биде претставен концептот кој ќе нè измачува сезони и сезони потоа. Кој го спасил Џек од смрт? Продуцентите!

На телевизија, каде што сè зависи од рејтингот, не можеле да си дозволат почеток со толкав ризик. Ако ликот кој го убивате им се допадне на гледачите, ќе ве замразат. Ако го мразат (сепак, се работело за Мајкл Китон) тогаш не сте постигнале ефект со потегот.

И иако пропуштивме шанса да го видиме Џек Шепард вшмукан од млазен мотор, сепак, имајте на ум дека се работи за „Изгубени“, а таму, никој никогаш не е вистински мртов, нели?

Рамбо2. Рамбо

Во времето на најголемата популарност на Рамбо, кога некој сакаше да опише опасен човек на улица (дали вистински или иронично) ќе кажеше – еј, ене го Рамбо! И не без причина. Рамбо беше збудалениот воен херој, заборавен од општеството кој поради неизбалансираната психа трпи невидени нивоа на болка, може да влета во каква и да е ситуација без да размислува, може да направи сè што ќе намисли (нешто како разумна верзија на Џек Бауер, нормално, без супермоќите).

Но, дали знаевте дека „Рамбо“ приказната е базирана на роман? Романот се вика „Прва крв“, а за да ви заштедиме време кое ќе го потрошите барајќи ја приказната на википедија, еве го најважниот сменет детаљ:

{youtube}cg7wy4X0Y8c{/youtube}

Tокму така! Рамбо умира на крајот. И на тој начин, приказната во која несреќниот војник дивее низ едно американско гратче има смисла – тој само барал начин да умре во битка, како војник.

Кој го спасил Рамбо од смртта? Сталоне, кој друг?

Сталоне инсистирал да биде променет крајот, затоа што предвидел колкав хит ќе биде филмот и веќе имал идеи како да се измолзи публиката за уште пари. Визионерски потег, нема што.

Спок1. Спок

Постојат ликови без кои некои приказни едноставно нема да се тоа што се. Како на пр. ако некој ви каже дека Дарт Вејдер требало да е џиновски гуштер, ќе почнете да го гаѓате со камења, зашто тоа не е возможно. Најјаките ликови секогаш им дошле на писателите како готови идеи. Еден од тие ликови е и Спок, Вулканецот без кој целиот универзум на Џин Роденбери некако нема смисла.

СпокКога „Ѕвездени патеки“ првпат почнала да се прикажува на телевизијата NBC, директорите имале забелешки за постоењето на Спок. Сакале тој да биде избришан, зашто премногу личел како ѓаволот. Можеби по малку и биле во право.

Но, кој го спаси? Жените. По притисокот од Џин Роденбери кој полагал многу верба во Спок, телевизијата дозволила ликот да постои, но да биде на маргините. На почетокот така и било, но, кога започнало емитувањето, жените полуделе по Спок и серијата добила голема публика од понежниот пол. Со тоа, NBC сфатиле дека ќе мора да дозволат ликот да се развие природно. И така го добивме оној Спок кој сите го знаеме и сакаме.

А и зошто не би го сакале жените? Тој е совршениот маж. Мистериозен, молчалив, висок, некој вид отпадник, но доволно блиску до центарот на случувањето, брилијантен… отприлика, тој е спој меѓу Џејмс Дин и професор по историја на уметноста – нормално, со зашилени уши!

- Реклама -