Шинејд О’Конор починала од природна смрт

Ирската музичарка Шинејд О’Конор починала од природна смрт, објави судскиот вештак, пишува „Дејли мејл“.

Детективи ја сметаа нејзината ненадејна смрт за сомнителна, поради што била извршена обдукција.

Шинејд беше пронајдена во нејзиниот стан во Херне Хил, југоисточен Лондон на крајот на јули минатата година.

„Полицијата беше повикана во 11.18 часот во средата на 26 јули, поради дојава за жена која не дава знаци на живот на станбена адреса во областа СЕ24. Полицајците пристигнале. 56-годишната жена беше прогласена за мртва на местото на настанот“, соопшти полицијата тогаш.

О’Конор почина 18 месеци откако нејзиниот син Шејн (17) си го одзеде животот во јануари 2022 година, по бегство од болница.

Шинејд стана светски позната во 1990 година со својата легендарна преработка на песната на Принс „Nothing Compares 2 U“. Заедно со оваа песна, таа создаде други хитови, а во текот на нејзината кариера издаде 10 студиски албуми.

- Реклама -