Средба Бала-Ахмети: Албанците никогаш не биле подобро и позастапени од денес

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој престојува во Тирана, остварил средба со албанскиот министер  за внатрешни раборти Таулант Бала, со кого разговарале за случувањата во Албанија, Северна Македонија и Косово оценувајќи при тоа дека „Албанците во регионот никогаш не биле подобро и позастапени од денес“.

За средбата во објава на Фејсбук Бала наведува дека  „секогаш е чест и задоволство да се разговара со лидерот на ДУИ Али Ахмети“.

-Секогаш ми е чест и задоволство да разговарам со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Албанците во регионот никогаш не биле подобри и позастапени од денес, напиша Бала.

Според медиумите на социјалните мрежи за средбата објава има и Ахмети.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан

-Албанците во регионот никогаш не биле подобро и мора да работиме заедно и да се погрижиме Тирана, Приштина и Скопје брзо и безбедно да се движат кон Европската унија, напишал  Ахмети.

- Реклама -