Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за нападот во М-НАВ: Никогаш не било полошо, и на Албанците им прекипе од ДУИ!

„Банда партиски војници на ДУИ влегле во зградата на М-НАВ и нападнале контролори на летање Албанци затоа што дале поддршка на синдикатот против партиските вработувања.

Кога Ахмети пее во кабинетот на Груби и си прави журка, во друга државнa институциja баграта на ДУИ дели шлаканици на Албанци зошто се солидаризирале со синдикатот.

Ова е вистинското насилничко и криминално лице на лажните европејци од ДУИ и СДС. Делење тупаници на синдикалци ли е европскиот сојуз на СДС-ДУИ за кој овие две партии се залагаат?“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по денешниот скандалозен инцидент во М-НАВ.

Во која друга европска држава има ваков скандал?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, изразувајќи најостра осуда на, како што велат, овој „вандалски и криминален чин на ДУИ и СДС“.

Прочитајте и:  „Левица“ најави кривична пријава за Гаши поради Предлог-законот за бранители, спикерот ќе бара да заседава Комисијата за деловнички прашања

„И сега ли одговорот за овој скандал на Ковачевски ќе биде ‘прашајте ја надлежната институција’, или ќе преземе конкретни мерки? Дали со ова е доведен под ризик авио сообраќајот во државата? Додека има летови, во контролата за летови се делат тупаници. Каде е сокриен безличниот министер за транспорт и врски Бочварски? Ќе каже ли ништо?“, прашува опозицијата и констатира дека никогаш не било полошо и дека и на Албанците им прекипело од ДУИ.

„Важно е да ги поразиме!“, се заклучува во реакцијата.

- Реклама -