Саудиска Арабија официјално се приклучи на БРИКС

Саудиската државна телевизија денеска објави дека Саудиска Арабија официјално се приклучила на меѓувладината организација БРИКС. Саудискиот министер за надворешни работи во август изјави дека кралството ќе ги проучи деталите пред предложениот датум за пристапување на 1 јануари и ќе донесе „соодветна одлука“.

Принцот Фајсал бин Фархан рече дека групата БРИКС е „корисен и важен канал“ за зајакнување на економската соработка.

Досега БРИКС го сочинуваа Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, а на 1 јануари покрај Саудиска Арабија ќе му се приклучат и Обединетите Арапски Емирати, Египет, Иран и Етиопија.

МИА

- Реклама -