Најромантичните гестови на филм (за среќа) не произлегуваат од предвидливите романтични комедии. Еве дел од најдобрите 50 кои можеби и во вас ќе разбудат желба за незаборавно изјавување љубов.
Најромантичните гестови на филм (за среќа) не произлегуваат од предвидливите романтични комедии. Еве дел од најдобрите 50 кои можеби и во вас ќе разбудат желба за незаборавно изјавување љубов.
На крајот на филмот, независно еден од друг Дени (Џон Траволта) и Сенди (Оливија Њутн Џон) се облекуваат како она што не се за да го импресионираат другиот.
Џес (Итан Хок) ја убедува Селин (Џули Делпи) да се симне од возот за да поминат една романтична вечер заедно
Во овој прекрасен цртан филм, Ѕверот и` ја подарува својата библиотека на Убавицата само за да ја направи среќна
Иако полицијата го затвори покривот, Џуд (Џим Старгас) почнува да ја пее All You Need is Love за Луси (Еван Рејчел Вуд)
Британецот Џејми учи португалски за да ја побара Португалката Аурелиа (Лусија Мониз) за жена и открива дека таа истовремено учела англиски за него.
Сет (Николас Кејџ) се откажува од бесмртноста за да биде со Меги (Мег Рајан)
Едвард (Роберт Патинсон) ја спасува Бела (Кристен Стјуард) ризикувајќи да се открие дека тој е вампир.
Марк (Ендрју Линколн) стои пред врата кај Џулиет (Кира Најтли) и со картички и` кажува дека ја сака – „without hope or agenda“
Рик (Хемфри Богарт) си го ризикува животот за да организира бегство од Казабланка за неговата сакана и нејзиниот сопруг.