Гостивар дел од глобалната иницијатива „Walk and Talk“ за грижа за менталното здравје на младите

Над 500 млади луѓе на возраст помеѓу 15 и 25 години во изминатите 3 месеци беа дел од иницијалните „Walk and Talk“ настани кои беа организирани во 16 општини. Еден од градовите беше и Гостивар. Главната цел на овој нов иновативен пристап кој за прв пат беше воведен во земјава е подигање на свеста и дестигматизација на темата за ментално здравје помеѓу младите луѓе.

Заследете нѐ на Телеграм

Според концептот на иницијативата „Walk and Talk”, учесничките и учесниците се движат по претходно дефинирана мапа со неколку точки на застанување исполнети со заеднички игри, како и места каде експерти за ментално здравје заедно со младите разговара за предизвиците со кои тие се соочуваат по однапред утврдени сценарија. Младите меѓусебно споделуваат информации од лично искуство или од искуство на блиски а за време на точките се запознаваат и со одредени техники и начини кои може да ги употребуваат по однос на сите овие сценарија.

Се опфаќаат настани кои нудат креативни активности, дружење, игри и можности за меѓусебни разговори каде младите отворено дискутираат, прашуваат, споделуваат свои ставови и заеднички изнаоѓаат решенија како да го подобрат своето ментално здравје со фокус на подигнување на свеста и надминување на стигмата поврзана со истото.
„Walk and Talk“ иницијативата се спроведува на иницијатива на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП), а се имплементира од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници. Овие настани произлегоа од консултативниот процес со младите што беше организиран во партнерство помеѓу двете организации.

Новогодишно ИНТЕРВЈУ | Гостин: Дедо Мраз

Извор