Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани.
Како што информира ЈП Паркинзи на Општина Центар, согласно Одлуката на претпријатието на 1 јануари 2024 година сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 2 јануари 2024 година со вообичаено работно време.
За време на божиќните празници, на 6 јануари, 7 јануари и 8 јануари 2024 година, сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 9 јануари 2024 година со вообичаено работно време.
Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.