Бислимоски: Најодговорно тврдам дека тие што ќе одат во трет блок ќе имаат помали сметки од претходно

Најодговорно тврдам дека тие што ќе одат во трет блок ќе имаат помали сметки од претходно, ќе дојдат сметките, граѓаните ќе видат. Многу потрошувачи, потрошувачката со која што влегувале во трет блок, некои дури и што се греат во поголеми простории се и во четврти блок, дел од таа потрошувачка ќе влезе во евтината тарифа од 13 до 15 часот, истакна претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Тој рече дека над 80 проценти од потрошувачите се во прв и втор блок, а таму појасни дека има намалување на цената за пет проценти во еден од блоковите, додека во втор блок цената е иста, а кај третиот блок има корекција од два проценти.

Прочитајте и:  РКЕ: Издадени 254 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори

-Па ако споредите минус пет и плус два, добивате повторно намалување што значи дека и тие што се во трет ќе имаат намалување на сметките, нагласи Бислимовски.

- Реклама -