Нетанајаху експресно одговори: Ердоган е последниот кој треба да зборува за морал

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е „последниот кој може да зборува за моралот“, реагирајќи на изјавата на Ердоган дека акциите на Израел против Хамас „не се разликуваат“ од постапките на Адолф Хитлер.

„Ердоган, кој врши геноцид врз Курдите и го држи светскиот рекорд по број на новинари во затвор, е последниот кој може да ни каже за моралот“, рече Нетанјаху во изјавата, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека израелската армија е „најморалната армија во светот, која се бори и ја елиминира најодвратната и најбруталната терористичка организација во светот“. Тој изјави дека Ердоган фали и угостува високи претставници на Хамас, „организација која изврши злосторства против човештвото“.

Прочитајте и:  Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа

На наводите на турскиот претседател одговори и Бени Ганц, член на израелскиот воен кабинет, кој рече дека изјавите на Ердоган претставуваат „очигледно искривување на реалноста и сквернавење на сеќавањето на Холокаустот“. Говорејќи на настан во Анкара, Ердоган праша како акциите на Израел се разликуваат од оние на Адолф Хитлер.

МИА

- Реклама -